Достапни линкови

Соња Тарчуловска тешко повредена при пад од балкон


Сопругата на Јохан Тарчуловски, фолк пејачката Соња ноќеска паднала од балконот на станот каде што живее семејството со скопска Кисела Вода и тешко се повредила.

Министерството за внатрешни работи падот на пејачката го води како „несреќен случај“ и оттаму за други информации упатува на семејството Тарчуловски, пренесува МИА.

Медиумите денеска објавија дека Соња со тешки повреди на телото била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде била задржана на натамошно испитување и лекување. Лекарите, според информациите, констатирале скршеници на неколку ребра, на едната рака и на ‘рбетниот столб.
XS
SM
MD
LG