Достапни линкови

Уапсени 11 луѓе на антифашистичкиот протест во Атина


Greece -- A member of the extreme right Golden Dawn party holds a flag bearing their party's logo during an election campaign rally in Athens, 21Apr2012

Greece -- A member of the extreme right Golden Dawn party holds a flag bearing their party's logo during an election campaign rally in Athens, 21Apr2012

Грчката полиција уапси 11 лица за време на антифашистичкиот протест одржан пред просториите на неонацистичката партија „Златна зора“ во предградие на Атина. Во атинскиот кварт Панграти синоќа се одржа протест за време на кој дошло до тензии, па полицијата морала да интервенира. Ситуацијата подоцна се смирила, а демонстрантите се разотишле.

Грчката полиција вчера побара одобрение од Јавното обвинителство да ги провери листите на телефонските разговори на пратеници на „Златна зора“, во рамки на истрагата за убиството на раперот Павлос Фисас.

Владата во Атина веќе побара судска истрага околу доказите за поврзаност на оваа, трета по популарност партија во Грција, со смртта на раперот со левичарски убедувања, кој беше убиен во вторникот вечерта, откако бил начекан во заседа од страна на 30-тина лица и избоден со нож.
XS
SM
MD
LG