Достапни линкови

Старт на Металург и Вардар во ракометната Лига на шампионите


Илустрација.

Илустрација.



Македонските претставници во Лигата на шампионите, Вардар и Металург, денеска ќе ги одиграат првите натпревари од годинашното издание. Жрепката сакаше и двете екипи да бидат во Ц групата. Играчите на вицепрвакот Металург во 16:30 часот во Берн гостуваат кај швајцарскиот шампион Вакер Тун. Шампионот Вардар, пак, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје во 18:15 часот го пречекува повеќекратниот европски и шпански шампион Барцелона. Каталонците синоќа допатува во Скопје и без одржан тренинг ќе истрчаат пред полните трибини во распродадениот „Борис Трајковски“. На чело на Барцелона ќе биде македонската ракометна ѕвезда Кирил Лазаров и второто екстра засилување Никола Карабатиќ.
XS
SM
MD
LG