Достапни линкови

Фич го намали кредитниот рејтинг на Хрватска


Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ вчера го намали кредитниот рејтинг на Хрватска за еден степен од БББ- на ББ+. „Фич“ ја аргументира ваквата одлука со влошувањето на буџетските перспективи на земјата и падот на економијата. Агенцијата оваа година очекува пад на хрватската економија за 0,9 проценти, наспроти претходно предвидениот раст од 0,3 отсто. „Фич“ сега очекува државниот долг на Хрватска да се зголеми до 66 отсто од БДП во 2016 година, наспроти досегашните прогнози на агенцијата од 62 проценти. Хрватската економија, која во голем дел зависи од туризмот, се наоѓа во рецесија или стагнација веќе четири години. Таа забележа пад од уште 0,7 отсто во вториот квартал на 2013 година. Аналитичарите предвидуваат за оваа година пад на БДП за 0,4 проценти.
XS
SM
MD
LG