Достапни линкови

logo-print

Кацин: не знам за нови услови од Германија за Србија


Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин денеска изјави дека не му е познато оти постојат некакви нови германски услови за натамошната евроинтеграција на Србија, нагласувајќи дека искрено верува оти и ги нема. Тој по средбата со српскиот министер без ресор задолжен за евроинтеграции Бранко Ружиќ и со шефот на српскиот преговарачки тим со ЕУ, Тања Мишчевиќ, порача дека Србија треба да верува во своите капацитети, да има самодоверба и да не се прашува секое утро за нови услови.
XS
SM
MD
LG