Достапни линкови

logo-print

Тешко до балканска шесторка


Претседателите на 8 земји од западен Балкан со претседателот на Франција Франсоа Оланд во Брдо кај Крањ на 25 јули 2013 година.

Претседателите на 8 земји од западен Балкан со претседателот на Франција Франсоа Оланд во Брдо кај Крањ на 25 јули 2013 година.

Иницијативата за формирање на западнобалканска шесторка во која би членувале Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија е тешко остварлива, особено поради меѓусебните отворени прашања, велат аналитичарите.

За домашната стручна јавност, иницијативата за формирање на западнобалканска шесторка во која би членувале Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија е тешко остварлива, особено поради тоа што земјите меѓу себе имаат отворени прашања, но и преголема меѓусебна недоверба.
Првата работа е како да станеме членки на НАТО и на ЕУ, тоа е нашата прва задача. Во моментот кога сме напред на тој пат, ние тогаш и во регионалните односи имаме друга позиција.

Од Mинистерството за надворешни работи велат дека го добиле предлог текстот на Црна Гора, од која потeкнува и оваа иницијатива. Посочуваат дека за иницијативата министрите од регионот ќе разговараат на средба на маргините од Генералното собрание на ОН, што на крајот на месецов ќе се одржи во Њујорк, а натамошни информации поврзани со неа, ќе следуваат по средбата.

Иницијативите од ваков тип кои ги имаше и во минатото, досега не пуштија корени, оти сè уште постојат традиционалните историски ривалитети меѓу балканските народи, како и сомневања за намерите, вели универзитетскиот професор Денко Малески.
Ако ЕУ и ако проектот интеграција како начин за решавање на проблемите на Балканот се одолговлекува и веројатно нема да се случи во одреден временски период, треба да се разгледаат алтернативни решенија, да речеме, од типот на хегемонистички центри коишто на некој начин ќе ја гарантираат стабилноста и ќе ги покријат овие земји.

„Во директната комуникација има премногу недоверба за да може да се гради некаква политичка или регионална структура околу која би се обединиле“, вели Малески.

Според политичкиот аналитичар Ризван Сулејмани, овие земји веројатно нема да бидат членки на Европската унија во следниве неколку години, пред сè поради отворените прашања кои се услов за влез во клубот. Оваа вакуум ситуација ќе биде тешко одржлива, па оттука иницијативата за западнобалканската шесторка би можела да биде некоја алтернатива за одржување на стабилноста во регионот, вели Сулејмани.

„Ако ЕУ и ако проектот интеграција како начин за решавање на проблемите на Балканот се одолговлекува и веројатно нема да се случи во одреден временски период, треба да се разгледаат алтернативни решенија, да речеме, од типот на хегемонистички центри коишто на некој начин ќе ја гарантираат стабилноста и ќе ги покријат овие земји“, вели Сулејмани.

Професор Малески, пак, се сомнева дека патувањето во еден ваков пакет кон Европската унија би завршило побрзо. Иако за него секоја иницијатива за балканска соработка е за поздравување, нашиот блокиран пат кон Унијата поради спорот за името не би требало да биде заменет со членство во некаква регионална организација, вели Малески.

„Првата работа е како да станеме членки на НАТО и на ЕУ, тоа е нашата прва задача. Во моментот кога сме напред на тој пат, ние тогаш и во регионалните односи имаме друга позиција“, вели Малески.

Еве кои се, според Сулејмани, предностите за Македонија доколку се реализира ваквата иницијатива која тој симболично ја нарекува реинкарнација на „мини Југославија“.

„Веројатно ќе се воспостави еден поголем пазар и во тој пакет, како пакет, веројатно би можел да се отвори патот кон ЕУ и НАТО, затоа што Македонија сама, со ова име, тешко дека ќе напредува“, вели Сулејмани.

Инаку, иницијативата која во јавноста ја актуелизираше црногорскиот шеф на дипломатијата Игор Лукшиќ предвидува формирање парламентарно собрание на западнобалканската шесторка, во кое ќе членуваат по десет претставници од секоја земја, но и создавање на заедничка балканска полиција.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG