Достапни линкови

Роверот Кјуриозити не пронајде Метан на Марс


Научниците од американската вселенска агенција НАСА соопштија дека роверот Кјуриозити не пронашол метан на Марс со што се намалени надежите за пронаоѓање живот на црвената планета.
Ова вселенско летало слета на кратерот Гејл во близина на екваторот на Марс минатата година. Ова е во спротивност со претходните набљудувања од вселенски летала и телескопите, кои откриле облаци од метан на Марс.
Роверот на Марс ја продолжува својата мисија. Гасот метан на Земјата е поврзан со живите суштества, и се „ослободува“ со варењето на животнинскиот свет или со распаѓање на растенија.
XS
SM
MD
LG