Достапни линкови

logo-print

Кери: Советот за безбедност мора да дејствува


Џон Кери

Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Советот за безбедност "мора да дејствува" за да бидеме сигурни дека Сирија го спроведува договорот постигнат со посредство на Русија и САД за уништување на хемиското оружје. Кери изјави дека Советот за безбедност мора да усвои резолуција вклучувајќи и закана за употреба на сила доколку Дамаск се повлече од договорот. Тој повтори дека и неодамнешниот извештај на ОН за хемиско оружје докажува дека режимот на Башар ал Асад стои зад нападот со отровниот гас сарин во предградијата на Дамаск минатиот месец.
Кери ги отфрли тврдењата на бунтовниците дека тие биле одговорни за нападот на 21 август, во кој Вашингтон тврди дека биле убиени 1.400 цивили.
Неговите коментари следуваат по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека одговорните за нападот се потпирале на "примитивна" технологија која постои во инвентарот на сириската армија.
XS
SM
MD
LG