Достапни линкови

Сирија ќе бара свикување на мировна конференција


Кадри Џамил

Кадри Џамил

Сирискиот заменик-премиер Кадри Џамил изјави дека граѓанска војна во земјата е во ќор-сокак, бидејќи ниту една страна не е доволно силна да победи. Во изјава за весникот "Гардијан", Џамил вели дека владата на претседателот Башар Асад ќе бара свикување на мировна конференција во Женева, Швајцарија. Тој додаде дека сириската економијата претрпела загуби од околу 100 милјарди долари како резултат на војната меѓу владата и бунтовниците. Заменик-премиер го отфрли како „нецелосно точен“ извештајот на ОН од минатата недела, а кој се однесува нападот со хемиско оружје во кој загинаа повеќе од 1.000 луѓе во крајот на август.
XS
SM
MD
LG