Достапни линкови

logo-print

Светот реагира по изјавите на Рохани


Коментарите на иранскиот претседател Хасан Рoхани дека неговата влада никогаш не би развила нуклеарно оружје предизвикаа реакции во светот. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека изјавата на Рохани е позитивна, но предупреди дека "сè треба да се стави на тест." Претходно генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека е "многу охрабрен" од интервјуто на Рохани за вестите на NBC, вклучувајќи ги и забелешките дека тој има овластување да преговара со Западот за контроверзната нуклеарна програма на Иран. Меѓутоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека заложбата на Рохани да не се произведуваат нуклеарни оружја била ирански обид да ги измами на светот. Израел, заедно со голем број западни земји, се сомнева дека Иран тајно развива нуклеарно оружје, обвинение што Иран го негира.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, го пофали Рохани за неговите напори за соработка со меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG