Достапни линкови

Мекејн во одбрана на своите ставови за Русија


Американскиот сенатор Џон Мекејн застана во одбрана на тоа што го напишал за рускиот сајт Правда каде напишал дека Русите заслужуваат подобро од политиките на владата на претседателот Владимир Путин. Во интервју за рускиот сервис на радио Слободна Европа, Мекејн се нарече себеси "про-руски" ориентиран изјавувајќи дека рускиот народ е неверојатно храбар и покрај фактот што премногу неправди им се случуваат пред очи. Тој изјави дека целта на Путин е да го врати престижот и моќта на руската империја и рече дека ќе преземе вонредни мерки за да го спречи тоа, вклучувајќи и притисок врз околните земји. Американскиот сенатор повика на поголема помош за слободната сириската армија, која се бори против режимот на Башар Асад. Рускиот претседател Владимир Путин пак изјави дека критиката на американскиот сенатор Џон Мекејн на неговото владеење е производ на незнаење.
XS
SM
MD
LG