Достапни линкови

Откажани концертите на Гомез во источна Европа


Поп ѕвездата Селена Гомез откажа неколку концерти во Источна Европа откако наводно руските власти го негирале нејзиното барање за виза. Пејачката требаше да настапи во Минск, Белорусија, а ден подоцна и во Киев, Украина пред да отпатува за Русија за концертите во Москва и Санкт Петербург. Според американските медиуми сите концерти во трите земји се откажани. Организаторите веруваат дека Гомез, која ги поддржува правата на хомосексуалците, е жртва на новиот контроверзен закон во Русија која забранува пропаганда за нетрадиционалните сексуални врски помеѓу малолетни лица. Се смета дека процесот на добивање виза за меѓународните музичари стана потежок откако минатата година во Русија Мадона и Лејди Гага зборуваа за правата на хомосексуалците таму.
XS
SM
MD
LG