Достапни линкови

Киднапирани тројца членови на авганистанската изборна комисија


Тројца вработени во авганистанската изборна комисија се киднапирани во северниот дел на Авганистан. Официјалните лица соопштија дека тие биле киднапирани во областа Алмар во северната провинција Фариаб. Мухамед Аман, шеф на изборната комисија изјави дека меѓу нив има и жена. Тимот дистрибуирал картички за регистрација на гласачите во оддалечените област. Шефот на полицијата Наби Јан Малахел потврди дека тие биле киднапирани од непознати вооружени лица. Засега никој не ја презеде одговорноста за киднапирањето. Во средата еден член на изборната комисија беше убиен во североисточниот град Кондуз. Талибанците ја презедоа одговорноста за убиството и ги повикаа граѓаните да не учествуваат на изборите следната година. Претседателските избори во Авганистан ќе се одржи на 5 април 2014 година.
XS
SM
MD
LG