Достапни линкови

Турски полицајци казнети за прекумерна употреба на сила во протестите


Турското Министерство за внатрешни работи им одреди дисциплински казни на 43 полицајци поради „прекумерна употреба на сила“ за време на протестите во истанбулскиот парк Гези и антивладините демонстрации што следеа во земјата, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“. Казните се одредени врз основа на извештаите за инцидентите и интервенциите на полицијата во неколку окрузи, вклучувајќи ги и Анкара, Истанбул, Измир, Анталија. Фотографијата на полицаец, кој со солзавец прска жена облечена во црвено, стана симбол на протестите во паркот Гези, како и онаа на полицаецот од Измир, кој за косата кубе девојче, кое го носи турското знаме. И двајцата полицајци се меѓу казнетите.Дисциплински казни им се изречени и на полицајци кои, облечени во цивилна облека, со палки ги нападнаа демонстрантите во Измир. Во врска со инцидентите за време на протестите истрага се води и против други 169 полицајци и 32 високи полициски офицери.
XS
SM
MD
LG