Достапни линкови

logo-print

Со парите од ИПА до вработување на 8 илјади луѓе во невладиниот сектор


Граѓанскиот сектор има капацитет да вработи речиси 8 илјади луѓе доколку правилно се искористат парите од европските фондови.

Граѓанскиот сектор има капацитет да вработи речиси 8 илјади луѓе доколку правилно се искористат парите од европските фондови. Македонскиот центар за европско образование заедно со Институтот Отворено општество предлагаат плански да се искористи европскиот инструмент ИПА 2 и да се преорганизираат постоечките средства, како и да се отворат активните мерки за вработување во граѓанскиот сектор.
Еден од ретките успешни проекти на ИПА и каде што од 0,7 милиони фонд наменет за невладини организации, 14 невладини организации земаа средства, беа финансирани и од тие средства практично беа вработени 30 луѓе на полно работно време за една година и околу 1000 луѓе добија хонорари од по 100 евра. Во новата финансиска перспектива, бројките се многу добри.

Лидија Димова од Центарот за европско образование вели дека ваквиот предлог за базира на досегашното искуство.
Лидија Димова, претседателка на невладината организација Македонски центар за европско образование

Лидија Димова, претседателка на невладината организација Македонски центар за европско образование


„Еден од ретките успешни проекти на ИПА и каде што од 0,7 милиони фонд наменет за невладини организации, 14 невладини организации земаа средства, беа финансирани и од тие средства практично беа вработени 30 луѓе на полно работно време за една година и околу 1000 луѓе добија хонорари од по 100 евра. Во новата финансиска перспектива, бројките се многу добри“, вели Димова.

Таа додава дека ако вкупниот фонд на ИПА 2 е 600 милиони евра за период од 2014 до 2010 година, тогаш 15 проценти, односно 90 милиони евра, би требало да се одвојат за граѓанското општество што на годинашна основа би изнесувало околу 12 милиони евра.

„Плус, убавината во целото ова е што владата не треба дополнително да обезбеди пари, туку треба само да ги реорганизира постоечките пари“, вели Димова.
Граѓанското општество и Владата одбегнуваат да се поврзат меѓусебе, и мислам дека ова е почетната точка на која треба да работат за да ја подобрат врската. Ако сте во брак и тој не оди добро, треба да се преземат мерки, но во овој случај разводот не треба да биде опција затоа што тој би бил болен за сите вас. Ако Владата сфати дека може да го користи цивилниот сектор за услуги, консултации, тогаш тоа ќе биде вин-вин, победничка политика за двете страни.

Во извештајот за следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ е наведено дека основни проблеми за недоволната искористеност на европските пари се отсуство на стратегиска рамка, ограничен капацитет на администрацијата, и неинвентивност при програмирање на проекти.

Никола Бертолини од Генералниот директорат за проширување на Европската комисија изјави дека во случајот на Македонија и искористеноста на парите од европскиот инструмент во период од 2007 до 2013 е многу критично, особено поради децентрализацијата. Тој објаснува дека еден од проблемите е конфронтацијата меѓу Владата и граѓанското општество.

„Граѓанското општество и Владата одбегнуваат да се поврзат меѓусебе, и мислам дека ова е почетната точка на која треба да работат за да ја подобрат врската. Ако сте во брак и тој не оди добро, треба да се преземат мерки, но во овој случај разводот не треба да биде опција затоа што тој би бил болен за сите вас. Ако Владата сфати дека може да го користи цивилниот сектор за услуги, консултации, тогаш тоа ќе биде вин-вин, победничка политика за двете страни“, рече Бертолини.

Драган Секуловски од Здружението на новинари вели дека не треба да се заборави оти во последните години одредена граѓанска иницијатива, ако и пречи на власта, таа е етикетирана, а во последниве две години тоа етикетирање се спушти на персонално ниво со што дополнително процентот на доверба се намали.

„Да го замолам господинот Бертолини да ги потсетува од време навреме структурите на власта дека е противуставно да се прави контра организација, контра граѓанска иницијатива, а кога нема аргументи да се етикетираат индивидуи, да се става нивната слика на телевизија и во весник, а притоа да бидеме свесни дека национализмот во државата расте и дека тие индивидуи се ставаат во потенцијален ризик“, вели Секуловски.

Во пресрет на донесувањето на новиот финансиски пристапен инструмент ИПА 2 и неговото соодветно програмирање во претстојниот период, неопходно е Владата и Европската комисија на посуштински начин да го земат предвид граѓанското општество, така што ќе го вградат во коренот на сите реформи е ставот на Центарот за европско образование. Нивното истражувањето покажало дека во Македонија на годишна основа најмалку 7.6 милиони евра завршуваат на сметките на граѓанските организации. Од меѓународни извори најмногу доминираат ИПА фондовите. Но од 622 милиони евра колку што биле на располагање на Македонија во период од 2007 до 2013 година, само еден процент се наменети за граѓанскиот сектор односно, 6,7 милиони евра од кои 1,4 милиони евра се наменети за техничка помош, пари кои што граѓанскиот сектор тешко ги апсорбира, е наведено во извештајот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG