Достапни линкови

Преглед на печат - шпионски афери и апсења


macedonia - Brought people into action "Spy" brought judge investigated.

macedonia - Brought people into action "Spy" brought judge investigated.

Политика, партиски кавги, шпионски афери и апсења, весниците ја бомбардираат јавноста со вакви вести.

Политика, партиски кавги, шпионски афери и апсења, јавноста е бомбардирана со вакви вести, така што оние пострашните поминуваат по нашите весници и другите медиуми речиси незабележано.
Кој има сила да се справи со тешките метали?Затоа државата се справува со шпионите.

Триесет квадратни километри во реоните околу ОХИС, Окта и Железарницата во Скопје се загадени со арсен за чие намалување нема конкретни мерки. Утрински објавува наслов со прашање: „Кој има сила да се справи со тешките метали?“ Затоа државата се справува со Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.

Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.

шпионите. Грчкиот Катимерини, што го пренесува истиот весник пишува: „Шпионската афера како филмско сценарио“. Нова Македонија насловува: „Истрагата Шпион строго доверлива, адвокати само со безбедносен сертификат“, а Вечер објавува дека: „Доверливи документи завршувале кај грчки агенти“.
Тендери од синот Зоран за таткото Панчо Заев.

Во меѓувреме, почна судењето за случајот Фаланга во кој Паско Кузман заработи домашен притвор. Исто така Вечер, како наслов, објавува дел од одбраната на првообвинетиот Бојчевски кој вели: „Копавме пред полицајци, за каков криминал станува збор?“
Утрински ја анлизира идејата на владејачката партија да иницира промена на Уставот со желба бракот да се дефинира единствено како заедница меѓу маж и жена.

Утрински ја анлизира идејата на владејачката партија да иницира промена на Уставот со желба бракот да се дефинира единствено како заедница меѓу маж и жена.


Инаку електронските изданија на Дневник и на Утрински јавуваат за голема македонско-германска полициска акција во Скопје и во повеќе други градови во Македонија, а и во Германија, против дилери на дрога и перачи на пари.

„Груевски и Заев отворија терен за пресметка“, пишува Утрински пренесувајќи коментари на аналитичари кои забележуваат дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на тактиката за постојана кампања, која почнува од денот кога ќе завршат
Македонија ќе ја задржи препораката, Брисел ќе ги задржи критиките.
последните избори, инаку стивната поради летните одмори. На мета е Заев: Дневник оди со наслов: „Тендери од синот Зоран за таткото Панчо Заев“, а објавува и одговор од СДСМ: „Ако имало незаконитости, нека се отвори постапка“. Утрински информира и ја анализира идејата на владејачката партија да иницира промена на Уставот со желба бракот да се дефинира единствено како заедница меѓу маж и жена: „Се отвора Пандорината кутија на уставни желби?“, насловува весникот наведувајќи дека ДУИ и СДСМ се со став дека уставните измени не треба да бидат парцијални и дека сега не треба да се отвора оваа тема.

Инаку топ тема во весниците во средата беше најавата на Груевски пред бизнис заедницата дека од март и октомври догодина пензиите и платите на јавната администрација ќе се зголемеле за 5%. „Македонија ќе ја задржи препораката, Брисел ќе ги задржи критиките“, објавува Нова Македонија очекувања на домашни политички аналитичари од новиот извештај на ЕУ следниот месец, со назнаки дека клучните забелешки ќе бидат во делот на слободата на медиумите и случајот Кежаровски. Ја помните ли веста за загадената почва околу Скопје со арсен, почитувани?
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG