Достапни линкови

Илјадници на погребот на убиениот грчки рапер Фисас


Над 2.000 лица присуствуваа денеска на погребот на грчкиот рапер и хип-хоп пејач Павлос Фисас, кој беше убиен од припадник на неофашистичката партија Златна зора. Фисас, кого пријателите го опишуваат како антифашистички активист, почина вчера во раните утрински часови како последица на убодни рани од нож, кои ги здобил при напад од страна на член на Златна зора во едно кафуле во предградието на Пиреја, Керацини.
Полицијата веќе го уапси 45-годишниот напаѓач, кој признал дека е член на Златна зора, но неговиот идентитет не е соопштен. Нападот го осудија сите политички партии, а свое телевизиско обраќање со осуда на убиството денеска имаше и грчкиот премиер Андонис Самарас.
Лидерите на Златна зора се оградија од нападот и го осудија, нагаласувајќи дека партијата нема ништо заедничко со убиството
XS
SM
MD
LG