Достапни линкови

Самарас со критики до Златна зора


Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека нема да дозволи крајнодесничарската Златна зора да ја поткопа демократијата во земјата. Тој додаде дека неговата влада нема да допушти, како што рече, „потомци на нацистите да го трујат општествениот живот, да вршат злосторства и да тероризираат“. Грчката полиција синоќа употребила солзавец против стотици демонстранти кои учествувале на антифашистички протест и фрлале молотови коктели и камења врз полицијата во атинското предградие Карецини. Митингот се одржувал на местото каде што ден пред тоа бил убиен музичарот Павлос Фисос. Тој бил нападнат со нож од маж кој, според полицијата, бил член на неонацистичката Златна зора.
XS
SM
MD
LG