Достапни линкови

Антикорупциска отвори предмет за обвинувањата за Заев


илустрација

илустрација

Антикорупциската комисија отвори предмет за случајот со доделување тендери од страна на Општината Струмица на таткото и братот на градоналаникот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. „Врз основа на јавно објавени гласини, Комисијата се заинтересира за тој случај, како и за секој сличен. Имаме отворено повеќе од десет предмети. И за овој случај е отворен корупциски предмет и по него се постапува“, изјави денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Ѓорѓи Сламков. Тој заедно со членовите на Комисијата и со претставници на ОБСЕ и на други институции денеска на јавна дебата ги презентираше резултатите од истражувањето на перцепцијата на граѓаните за корупцијата во политиката.
XS
SM
MD
LG