Достапни линкови

Ештон го осуди убиството на припадник на Еулекс


Високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон денеска најостро го осуди убиството на припадник на Еулекс на северот на Косово. Таа притоа ја потенцира решеноста на Унијата да го продолжи ангажирањето во спроведувањето на преземените обврски кон Косово. Ештон ги повика сите страни во дијалогот да ги удвојат напорите за спроведување на постигантите договори за нормализирање на животот на северот на Косово.
XS
SM
MD
LG