Достапни линкови

logo-print

Вратата на НАТО е отворена, решете го името


Помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Колинда Грабар Китаровиќ ја повтори пораката дека дека поканата за членство на Македонија ќе биде упатена тогаш кога ќе се најде меѓусебно прифатливо решение за спорот за името.

Патот кон членството на НАТО е подеднакво важен како и самото зачленување. Вратата на Алијансата останува отворена за Македонија, порача помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Колинда Грабар Китаровиќ.
И во тој контекст би ве охрабрила да го искористите времето и да го искористите процесот да продолжите со реформите во секторот на одбраната и да продолжите да се фокусирате на приоритетите определени во националната безбедносна стратегија и се разбира да се продолжи со процесот на зајакнување на институциите, зголемување на транспарентноста, борбата против корупцијата и слободата на медиумите.

„И во тој контекст би ве охрабрила да го искористите времето и да го искористите процесот да продолжите со реформите во секторот на одбраната и да продолжите да се фокусирате на приоритетите определени во националната безбедносна стратегија и се разбира да се продолжи со процесот на зајакнување на институциите, зголемување на транспарентноста, борбата против корупцијата и слободата на медиумите, значи сите прашања кои беа продискутирани и на состанокто во Брисел, вчера.“

Китаровиќ ја повтори веќе познатата позиција на НАТО дека поканата за членство на Македонија ќе биде упатена тогаш кога ќе се најде меѓусебно прифатливо решение за спорот за името. Тој е политички и билатерален процес и ги охрабруваме двете страни да продолжат со конструктивен Знамиња на Македонија и на НАТО.

Знамиња на Македонија и на НАТО.

дијалог и соработка за разрешување на прашањето, рече Китаровиќ, која порано беше и министерка за надворешни работи и евроинтеграции на Хрватска.

„НАТО е сојуз на 28 држави членки кои го задржуваат правото на своите суверени одлуки и кој функционира на начелото на консензус што значи дека сите држави треба да се усогласат за да
Ја информирав гостинката за нашите напори кои ги правиме за да го одржиме нивото на јавно мислење за поддршка во напорите за членство во НАТО.
се донесе една одлука. Поканата останува отворена тогаш кога ќе биде решен спорот за името меѓу двете земји, НАТО не е уклучен во тој спор, тоа е ислучиво билатерално прашање кое треба да се реши. НАТО не се меша и не ја коментира внатрешната политика на државите членки и во овој случај ние ќе го поздравиме решението кое ќе го постигнете со соседната земја“, рече Китаровиќ.

Откако вчера беше презентиран четиринаесеттиот циклус на Акцискиот план за членство во НАТО во Брисел, министерот за одбрана Талат Џафери изјави дека денешната посета на Китаровиќ на Македонија ја покажува посветеноста на НАТО во поддршката на Македонија и нејзините напори за зачленување во Алијансата.

„Ја информирав гостинката за нашите напори кои ги правиме за да го одржиме нивото на јавно мислење за поддршка во напорите за членство во НАТО.“

Китаровиќ изрази благодарност до придонесот на земјата во операциите на НАТО, особено ИСАФ. Импресионирана сум од вештините на вашите војници, кои во неколку случаи храбро се спротиставија на нападите спасувајќи ги притоа животите и имотот на НАТО, рече Китановиќ.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG