Достапни линкови

Грабар Китаровиќ: членство во НАТО, штом се реши „името“


Колинда Грабар Китаровиќ

Колинда Грабар Китаровиќ

„Поканата за членство во НАТО ќе биде упатена веднаш штом се дојде до заедничко прифатливо решение за името. Тоа е политички и билатерален процес и ги поттикнуваме и двете страни да продолжат со конструктивен дијалог и соработка за разрешување на прашањето“. Ова е пораката што ја упати помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија Колинда Грабар Китаровиќ, по денешната средба во Скопје со минситерот за одбрана Талат Џафери. НАТО, потсети таа, е сојуз од 28 суверени држави членки, кои функционираат врз основа на начелото на консензус. Тоа значи дека сите држави мора да се согласат односно ниту една не може да биде против која било одлука.
XS
SM
MD
LG