Достапни линкови

Полицаец на Еулекс, убиен на територијата на Звечан


Еден припадник на Еулекс изутрината бил убиен кога непознати лица отвориле оган врз возилото на мисијата на Европската унија на територијата на општина Звечан. Ова за Радио Слободна Европа го потврди командантот на полицијата во јужниот дел на Митровица Ергин Медиќ. Убиенот бил државјанин на Летонија. Портпаролката на Еулекс Ирина Гудаљевиќ изјави дека мисијата покренала истрага за нападот.
XS
SM
MD
LG