Достапни линкови

Турција ја затвора границата кон Сирија


илустрација

илустрација

Турција итно го затвори граничниот премин во градот Килис, откако борци поврзани со Ал Каеда го заземаа градот Азаз во северниот дел на Сирија, на 35 километри од Алепо. Се наведува дека околу 300 членови на терористичката група „Исламска држава во Ирак и Левант“ вчера извршиле напад врз бригада на антивладината Слободна сириска армија и ја истерале од пограничниот град. Во судирите биле убиени шест борци, а 25 повредени.
XS
SM
MD
LG