Достапни линкови

Асад: ќе го уништиме хемиското оружје


Претседателот на Сирија Башар ал Асад за време на интервјуто за „Фокс“

Претседателот на Сирија Башар ал Асад за време на интервјуто за „Фокс“

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека неговата влада ќе го спроведе договорот постигнат со Соединетите држави и Русија за уништување на хемиското оружје. Според него, целиот процес би траел најмалку една година и би чинел милијарда долари.

Во интервју за американската телевизија Фокс, претседателот на Сирија Башар ал Асад го оцени за нереален извештајот на Обединетите нации во кој се наведува оти во минатомесечниот напад во близина на Дамаск биле откриени јасни и уверливи докази на нервен гас сарин.

Тој уште еднаш демантира дека нападот го извршиле неговите сили. Во врска со спроведувањето на договорот за хемиското оружје Асад рече:

„Немаме искуство во тој поглед, но некои велат дека тоа трае една година. Не реков години. Како што слушнав околу една година, можеби помалку, можеби повеќе.“

Асад додаде дека станува збор за технички сложена операција за што е потребно и околу милијарда долари.

Немаме искуство во тој поглед, но некои велат дека тоа трае една година. Не реков години. Како што слушнав околу една година, можеби помалку, можеби повеќе.
Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија добила докази кои покажувале дека зад нападот стоеле сириските бунтовници.

„Имаме доволно докази дека информациите во врска со употребата на хемиското оружје го одразуваат фактот оти опозицијата редовно прибегнува кон провокација со цел да предизвика напади и интервенција против Сирија. Постојат многу податоци. Тие се лесно достапни на интернет. Овој податок, исто така, е во извештајот изготвен од нашите експерти за настаните поврзани со употреба на хемиско оружје во областа Алепо во март и во близина на Дамаск во август.“

Изјави шефот на руската дипломатија Лавров. Вчера официјална Москва го критикуваше извештајот на Обединетите нации за хемиските напади, наведувајќи дека бил едностран.

Портпаролот на Светската организација Мартин Несирски од своја страна изјави дека наводите во ивештајот се неоспорни.

Во меѓувреме, амбасадорите на петте постојани членки на Советот за безбедност ги продолжуваат конслутациите во врска со нацрт резолуцијата подготвена од Британија, Франција и Соединетите држави.

Како што меѓународната заедница се обединува против заканата од хемиска војна, исто така, мора да ја запре пошироката војна што ја уништува Сирија. Се надевам дека ќе го искористиме овој дипломатски момент за што поскоро организирање мировна конференција за политичко решение на конфликтот.
Русија повтори дека во текстот не би требало да има закана со сила доколку сирискиот режим не успее да го уништи хемиското оружје. Тоа, според генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, е неприфатливо.

„Верувам дека кредибилната закана со воена акција беше причината зошто дипломатијата доби шанса и мислам дека за да се задржи тој момент во дипломатскиот и политичкиот процес воената опција се уште треба да биде на маса.“

Инаку, во Сирија, бунтовничка група која е поврзана со Ал Каеда, според извештаите, вчера ја презела контролата врз еден сириски град во близина на границата со Турција.

Опозициски активисти прецизираат дека припадници на „Исламска држава Ирак и Левант“ го окупирале градот Азаз при што убиле најмалку шестмина борци на Слободната сириска армија.

Деновиве генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун предупреди дека освен за хемиското оружје светот не треба да зборави и на граѓанската војна во Сирија

„Како што меѓународната заедница се обединува против заканата од хемиска војна, исто така, мора да ја запре пошироката војна што ја уништува Сирија. Се надевам дека ќе го искористиме овој дипломатски момент за што поскоро организирање мировна конференција за политичко решение на конфликтот“, вели Бан Ки Мун.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG