Достапни линкови

Антифашистички протести во Грција


Грчката полиција употребила солзавец и шок гранати против стотици демонстранти кои учествувале на антифашистички протест и фрлале молотови коктели и камења врз полицијата во атинското предградие Карецини. Митингот се одржувал на местото каде што ден пред тоа бил убиен 34 годишен маж, музичарот Павлос Фисос. Тој бил нападнат со нож од маж кој според полицијата, бил член на неонацистичката Златна зора. Антифашистички протести имало и во Солун и Патра каде што исто така имало судири со полицијата. „Го повикувам општеството и институциите да реагираат против оваа одвратна појава. Сите сме должни да не дозволиме отворени врати за фашизмот“, изјави претседателот на државата Каролос Папуљас.
XS
SM
MD
LG