Достапни линкови

logo-print

Асад - Сирија ќе го спроведе договорот за хемиското оружје


Сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека неговата влада ќе го спроведе договорот постигнат со САД и Русија, да се ослободи од своето хемиско оружје. Асад изјави дека уништувањето на хемиското оружје на Сирија ќе чини 1 милијарда долари и ќе трае околу една година. Тој изјави дека извештајот на ОН во кој има „ јасни и убедливи“ докази за напад со гасот сарин во Сирија минатиот месец се нереални. Сирискиот претседател повторно негираше дека неговите сили стојат нападот на 21 август напад во Дамаск во кој загинаа стотици луѓе.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија добила докази кои укажуваат на тоа дека бунтовниците стојат зад нападот во август. Тој рече дека Русија наскоро ќе ги презентира доказите пред Советот за безбедност на ОН.
XS
SM
MD
LG