Достапни линкови

Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека неговата влада никогаш нема да развие нуклеарно оружје и дека тој има целосни овластувања да дојде до договор со западните сили за спорната нуклеарна програма на Техеран. Рохани ова го изјави во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си.

Тој исто така рече дека добил „позитивно и конструктивно“ писмо од американскиот претседател Барак Обама во кое тој му честита на победата на претседателските избори. Интервјуто за американската телевизија доаѓа во пресрет на планираната посета на Рохани на Њујорк наредната недела, каде што треба да учествува на Генералното собрание на ОН.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека нема планови американскиот претседател Обама да се сретне со Рохани за време на Генералното собрание на ОН. Карни изјави дека САД ќе ги тестираат тврдењата на иранскиот претседател дека сака да ги подобри односите со меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG