Достапни линкови

Лизгање на земјиште во Мексико-десетици исчезнати


Архивска фотографија-лизгање на земјиште во Мексико, 2010.

Архивска фотографија-лизгање на земјиште во Мексико, 2010.

Најмалку 58 луѓе се водат за исчезнати при лизгање на земјиште во планинското село Ла Пинтада во Мексико, соопшти министерот за внатрешни работи на Мексико, Мигуел Ангел Осорио Чонг. Тој соопшти дека лизгањето на земјиштето уследило по тропската бура која го зафатила местото, а спасувачките екипи евакуирале 344 луѓе од селото. Министерот соопшти дека многу луѓе се повредени и дека се уште постои ризик од ново лизгање на земјиштето.
XS
SM
MD
LG