Достапни линкови

Косовската претседателка го потпиша Законот за амнестија


Претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

Два месеци по усвојувањето од страна на косовскиот Парламент, претседателот на Косово, Атифете Јахјага, го потпиша Законот за амнестија.

Ова е еден од законите предвидени со договорот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово склучен во Брисел.

Потпишувањето на Закон, усвоен на 11 јули годинава, доцни поради тоа што Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, кое се противи на договорот Белград-Приштина, побара од Уставниот суд на Косово да се произнесе за неговата уставност.

На 3 септември Судот донесе одлука во која стои дека постапката за донесување на Законот за амнестија е во согласност со Уставот на Република Косово. Претходно, Судот препорача бришење на неколку членови од Законот и тој прочистен беше усвоен од Парламентот.
XS
SM
MD
LG