Достапни линкови

ОН - Извештајот за Сирија е „целосно објективен“


ОН соопштија дека извештајот од нивните експерти за оружје во врска со минатомесечниот хемиски напад во Сирија е „целосно објективен“ и оти нивните наводи се неспорни. Портпаролот на ОН, Мартин Несирки, вчера ги отфрли руските критики дека извештајот е нефер, велејќи дека фактите „зборуваат за себе“. Тој рече дека заклучоците на извештајот дека во нападот од 21 август биле користени ракети наполнети со бојниот отров сарин не треба да бидат доведени во прашање.

Претходно, заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Ријабков оцени дека извештајот на ОН е „политизиран, пристрасен и едностран“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, изјави дека извештајот не ги отфрла сомневањата на Русија дека нападот го извршиле бунтовниците, за да се обидат да испровоцираат западна воена интервенција во сирискиот конфликт. Во извештајот не се наведува кој е одговорен за нападот. Западните сојузници сметаат дека извештајот покажува дека зад нападот стои сирискиот режим.
XS
SM
MD
LG