Достапни линкови

Театар на црвената линија – МОТ по 38 пат


Проектот „Тоа што телото не го памети“ на Вим Вандекејбус.
Проектот „Тоа што телото не го памети“ на Вим Вандекејбус.

Со вечерашната изведба на обновената кореодрама „Тоа што телото не го памети“ на познатиот Вим Вандекејбус и со премиерата на „Носталгиумот на еден перфориран копиљ (Пу за мене, пу за сите)“ од режисерот Јане Спасиќ, започнува 38. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Млад отворен театар“. Во рамките на манифестацијата, од 19 до 26 септември, публиката ќе има можност да проследи 15 претстави, со повеќе од 300 гости од театри од Белгија, Италија, Турција, Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска и од Македонија, а мотото на фестивалот овојпат е „Театар на црвена линија“.

Скопје во наредниве осум дена и ноќи ќе ги чествува штиците што значат живот. Ќе пулсира во ритамот на новиот и храбар театар, ќе биде дел од урбаниот глобален свет. За почеток на 38-то издание на МОТ е предвидено во Македонската опера и балет, од 20 часот, да биде прикажана „Тоа што телото не го памети“ на белгиската трупа „Ултима вез“, една од најзначајните во нивниот репертоар и дело кое во оригиналната форма премиерно беше изведено 1987 година во Њујорк.
Програмата е репрезент на она што е најактуелно и најдобро на регионалната, но и на светската театарска сцена. Публиката ќе има можност да проследи исклучителни претстави, а оние што не смеат да ги пропуштат се неколкуте кои претставуваат врвна продукција. Ова значи дека покрај „Тоа што телото не го памети“ на феноменалниот Вандекејбус, неизоставно мора да се видат и „Метаморфози“ во режија на Александар Поповски, претстава која крена голема врева по нејзината премиера пред неколку години, и „Галеб“, една од најзначајните претстави направени во последно време во регионов.
Русе Арсов, извршен продуцент на MOT.

Ова наедно, по „Руменило“ во 2005 и „Исчистени“ една година подоцна, е третата претстава со која во Македонија ни доаѓа славниот Вим Вандекејбус и за која, поради специфичноста на изразот, критичарите на „Гардијан“ и „Њујорк тајмс“ своевремено ќе забележат дека станува збор „за иновативен и значаен проект кој израснува до огромна сензација која ги поместува границите на театарската уметност на интернационално ниво“.

Од таму, сосема оправдана е возбудата околу очекувањата од обновата на проектот која доаѓа по цели 25 години од првичната постановка, а за силината на почетниот впечаток ќе се погрижи режисерот Јане Спасиќ со премиерната изведба на „Носталгиумот на еден перфориран копиљ (Пу за мене, пу за сите)“. Ова е негова магистерска претстава на постдипломските студии на Факултетот за драмски уметности, во класата на професор Слободан Унковски, и градена е од група на млади театарџии и три деца кои преку експериментален процес се обидуваат да ги согледаат проблемите на убивањето на „детето во себе“.
Имено, иако буџетот во изминативе две години од кога сум именуван на оваа функција е зголемен двојно – од 50 на 100 илјади евра, сепак во европски и светски рамки и самите знаете дека е симболичен. Но тоа е уште еден аргумент повеќе дека ова што го правиме е исправно, но воедно и крик против сеопштиот кич, шунд, себевоспевање, ниски вредности и алчност.
Златко Стефковски, директор на Младинскиот културен центар.

Меѓу останатите девет претстави во меѓународниот дел од програмата се и камерната „Ноќна пеперутка“ во режија на Јавор Гардев на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, „Прст“ на Ана Томовиќ - копродукција на Хартефакт и Битеф театар, „Галеб“ на Томи Јанежиќ и изведба на Српско народно позориште од Нови Сад, „Жолта линија“ на Ивица Буљан и Загребачко казалиште младих, и големиот театарски хит „Метаморфози“ кој нашиот Александар Поповски го постави на сцената на Југословенското драмско позориште во Белград.
Носталгиум на еден перфориран копиљ, театарска претстава на режисерот Јане Спасиќ.
Носталгиум на еден перфориран копиљ, театарска претстава на режисерот Јане Спасиќ.

„Програмата е репрезент на она што е најактуелно и најдобро на регионалната, но и на светската театарска сцена. Публиката ќе има можност да проследи исклучителни претстави, а оние што не смеат да ги пропуштат се неколкуте кои претставуваат врвна продукција. Ова значи дека покрај „Тоа што телото не го памети“ на феноменалниот Вандекејбус, неизоставно мора да се видат и „Метаморфози“ во режија на Александар Поповски, претстава која крена голема врева по нејзината премиера пред неколку години, и „Галеб“, една од најзначајните претстави направени во последно време во регионов“, ќе рече во пресрет на отворањето, Русе Арсов, извршен продуцент на фестивалот.

На 38-от МОТ публиката ќе има можност да проследи уште една премиера - „Малечката“ која Сема Али Ерол ја режираше во истанбулскиот „Кумпанијази театар“, а во рамките на „македонската програма“ е предвидено прикажување на шест театарски проекти. Одбрани се „5:17“ на Нела Витошевиќ и „Вондерленд театар“, „Тања, Тања“ на кумановскиот, „Хамлетмашина“ што на сцената на Народниот театар од Битола ја постави режисерот од Суботица Андраш Урбан, „Хот“ - заедничкиот проект на Скопје танцов театар и ЕСРА и „Прогонот и убиството на Жан-Пол Мара“ на ФДУ.

„Она кон кое што се водевме оваа година, на 38-то издание, беше изјавата на од култниот Паоло Маѓели кој во една прилика ќе рече дека театарот не може да нè промени нас или, пак, светот, но може да го промени поединецот, па така и ние да делуваме на општеството. И токму и од таму го извлековме овој потконтекст за МОТ како „Театар на црвената линија“. Во моментот кога во Единбург се случува големиот театарски фестивал и кога во Лондон тече неговата против-тежа со стотици претстави во еден месец, ние го имаме МОТ кој некако жилаво, упорно се подига и не се предава и кој во очите на многумина е нешто за кое се трошат стотина илјади евра за неколку претстави, за нешто што можеби и не е забавно и народот нема да го расположи. А, како аргумент дека културата е чинител, предизвикувач и акцелератор на прогрес, на промени кои секогаш општеството го повлекуваат нанапред, служи оваа програма која ја сочинивме со многу мака. Имено, иако буџетот во изминативе две години од кога сум именуван на оваа функција е зголемен двојно – од 50 на 100 илјади евра, сепак во европски и светски рамки и самите знаете дека е симболичен. Но тоа е уште еден аргумент повеќе дека ова што го правиме е исправно, но воедно и крик против сеопштиот кич, шунд, себевоспевање, ниски вредности и алчност“, потенцира Златко Стефковски, директор на Младинскиот културен центар.

Инаку, и годинава МОТ нуди навистина богата придружна програма. Така ќе бидат одржани работилница за драмско пишување под водство на професор Жанина Мирчевска, работилница за танц што ќе ја води Рисима Рисимкин, потем презентацијата на книгата 7 драми од Босна и Херцеговина, чиј приредувач и преведувач е Лилјана Мазова, театарската критичарка и публицистка и кое делото ќе го претстави заедно Дино Мустафиќ, театарски режисер и директор на меѓународниот фестивал МЕСС, како и презентациите на книгата „Моќта на театарот“ на доајенот Љубиша Никодиновски Биш и онаа на фондот Хартефакт.

Згора на тоа, оваа програма ќе биде збогатена и со одбележување на 40 годишниот јубилеј од актерското делување на Бајруш Мјаку кој по овој повод ќе ја одигра „Народен непријател“ чија режија ја потпишува токму Мустафиќ.

И, конечно интеракцијата со публиката ќе биде остварена преку дебатите насловени како „На чашка вино со...“ кои е планирано да течат длабоко во ноќта по секоја одиграна претстава, а за време на фестивалот планирана е и серија на концертни настапи која ќе ја отворат одличните „Летечки пекинезери“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG