Достапни линкови

logo-print

Средба Ахмети - Лалакос за името и добрососедството


Илустрација

Илустрација

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба со Амбасадорот на Република Грција во Македонија Харис Лалакос.
Притоа, Лалакос информирал за говорот на Евангелос Венизелос во грчкиот парламент, на отворена седница, каде што ја истакнал важноста на средбата со Али Ахмети.
Соговорниците разговарале и околу последната посета на посредникот на
ООН за прашањето со името,Метју Нимиц, при што двете страни се согласиле дека земјата треба да се интегрира во НАТО и Европската Унија, но за да се реализира
оваа стратешка цел, треба да се изнајде компромис за името, се вели во соопштението од ДУИ.
Соговорниците се согласиле да ја продолжат директната комуникација во правец на развивање на односите помеѓу двете страни но и стабилноста на регионот на Северозападен Балкан.
XS
SM
MD
LG