Достапни линкови

Кавга СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ за имотната состојба на Јанкуловска


Петре Шилегов, портпарол на СДСМ денеска на прес - конференција обвини дека Гордана Јанкулоска, откако е на позицијата министер за внатрешни работи, го зголемила својот имот за 200 илјади евра.
Според Шилегов, во 2006 година Јанкулоска пријавила дека поседува само стан од 76 метри квадратни, со вредност од 50 илјади евра.
- По 5 години, во 2011 година, министерката се проширила во нов стан, од 114 метри квадратни, вреден 120 илјади евра. Интересно, истата година, со стан од 95 метри квадратни, вреден 100 илјади евра се стекнува и нејзиниот брачен партнер, рече портпаролот на СДСМ.
СДСМ ги повикува надлежните институции итно да го испитаат случајот Гордана Јанкулоска.
Веднаш одговори Јанкуловска. Петре Шилегов лаже. СДСМ лаже. Тврдења на Шилегов дека сум заработила 200.000 евра во овие 5 години, ќе има можност да ги докаже на суд. Заради намалување на висината на оштетното побарување кое ќе го пријавам пред надлежниот суд, во наредните денови сум подготвена да му понудам можност јавно да се извини за изречените клевети и измислици, се подвлекува во писмената реакција од Јанкулоска.
Таа информира дека новиот стан што го поседува, е набавен со продажба на стариот, подигнат е заем и долгорочен кредит од банките по пазарни услови.
XS
SM
MD
LG