Достапни линкови

logo-print

Иванов-Рама: Европска идеја за обединет Балкан


Европската унија е таа што може најмногу да му помогне на нашиот регион да добие нов амбиент. Затоа патот кон ЕУ е нешто што ја менува нашата реалност, изјавија на денешната средба во Тирана македонскиот претседател Ѓорге Иванов и албанскиот премиер Еди Рама.
Иванов и Рама на средбата разговарале за исполнувањето на обврските на двете земји кон своите малцинства.
Албанскиот премиер истакна дека од исклучително значење е зајакнувањето на односите и соработката меѓу двете влади. „Се отвора едно ново време на можности после договорот меѓу Косово и Србија. Со тоа се отвораат можности за сите земји во регионот во насока на взаемна натамошна соработка“, рече Рама.
XS
SM
MD
LG