Достапни линкови

logo-print

Синдикатите против собраниската тампон зона


Архивска фотографија: Протест на стечајците пред Собрание.

Архивска фотографија: Протест на стечајците пред Собрание.

Препораката за воспоставување на неутрална зона околу Собранието директно ги поткопува основните демократски столбови на македонската држава, реагираат дел од синдикалните здруженија во земјава.

Препораката за воспоставување на неутрална зона околу Собранието директно ги поткопува основните демократски столбови на македонската држава, реагираат дел од синдикалните здруженија во земјава. Во идејата да се создаде слобода на пратениците во нивното дејствување, тие препознаваат оттуѓување на пратеникот од граѓанинот кого го претставува, како и легализација на партиските гласачки машини.
Кај нас се движиме во обратната насока или онаа стара мудрост, на една страна да се владее со сила и страв, а на друга со разум и убедување и автоматски крајниот резултат е она што многу симболично го гледаме на просторот околу Собранието.

„Кај нас се движиме во обратната насока или онаа стара мудрост, на една страна да се владее со сила и страв, а на друга со разум и убедување и автоматски крајниот резултат е она што многу симболично го гледаме на просторот околу Собранието, полицајци и специјални во униформи, со штитници, со наоружување. Дали е тоа земјата во која сакаме ние да живееме“, изјави Сашко Тодоровски од Синдикатот на македонската дипломатска служба.
Архивска фотографија.

Архивска фотографија.


За синдикатите е неразбирлив обидот на Комисијата да бидат прекршени цела низа одредби од Уставот. Вака формулираната препорака покрај тоа што го загрозува граѓанскиот суверенитет, таа претставува и кршење на презумпцијата на невиност, односно казнување на едни граѓани за нешто што дури и можеби направиле некои други граѓани, вели претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис.
Ваквата одредба или намера има огромни импликации по синдикализмот и синдикалните слободи, затоа што неутралната зона би значела и забрана на синдикатите да го изразат своето мислење пред Собранието, дури и да протестираат пред него. Со тоа директно се прекршуваат одредбите од Уставот на Македонија.

„Ваквата одредба или намера има огромни импликации по синдикализмот и синдикалните слободи, затоа што неутралната зона би значела и забрана на синдикатите да го изразат своето мислење пред Собранието, дури и да протестираат пред него. Со тоа директно се прекршуваат одредбите од Уставот на Македонија, но и една од базичните конвенции на Меѓународната организација на трудот за правата на синдикално организирање и дејствување“, вели Чаусидис.

Тодоровски не е оптимист дека нивното барање за исклучување од постапката на препораката за воспоставување неутрална зона околу Собранието ќе има соодветна реакција од претседателот на државата и на Собранието. Бараат двајцата претседатели да издејствуваат исклучување на оваа точка од натамошната работа на работната комисија.

„Песимизмот го кажуваме во онаа реченица дека доколку не добиеме макар образложение зошто не се постапува по нашето барање, ќе бидеме принудени да го отвориме прашањето пред различните меѓународни форуми“, вели Тодоровски.

Извори од работната комисијата во собранието велат дека досега не расправале за оваа точка од заклучоците на извештајот на ад хок комисијата за 24 декември. Препораката се прави поради безбедносни причини, а истата била сугестија на странскиот претставник кој учествуваше во работата на комисијата и кој им ги пренел искуствата на другите земји и начинот на кој тоа таму е регулирано.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG