Достапни линкови

Северна Кореа бара преговори без предуслови


Првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореа Ким Кије Гван

Првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореа Ким Кије Гван

Првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореа Ким Кије Гван, кој е главен претставник во шестпартитните преговори за севернокорејското нуклеарно разоружување побара разговори без поставување предуслови. Тој на форумот во Пекинг, организиран од кинеското министерство за надворешни работи, изјави дека предусловите поставени од Јужна Кореа и Соединетите држави биле кршење на духот на заедничката изјава постигната пред осум години.Тогаш Северна Кореа се согласи да ја стопира нуклеарната програма во замена за меѓународна економска помош и дипломатски концесии. Последната рунда преговори се одржа во 2008 година.
XS
SM
MD
LG