Достапни линкови

logo-print

САД: екстрадиција на осомничен за злосторства во Босна


илустрација

илустрација

Судот во Роаноке, Вирџинија ја одобри екстрадицијата на Алмаз Незировиќ во Босна каде што треба да се соочи со обвинување за тортура врз српски цивили додека бил стражар во логорот Рабиќ за време на војната во Босна во 1992 година. Судот образложи дека постоеле доволно докази тој да биде екстрадиран. Барањето треба да биде одобрено и од американскиот државен секретар Џон Кери. Незировиќ емигрирал во Соединетите држави пред 15 години.
XS
SM
MD
LG