Достапни линкови

Временска прогноза-сончево со умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Претпладне на места се можни слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Во наредните денови, односно до крајот на неделата ќе преовладува стабилно и суво време со умерен северен ветер, а температурите нема значително да се менуваат.
XS
SM
MD
LG