Достапни линкови

Барозо: Албанија годинава може да стане кандидат за ЕУ


Жозе Мануел Барозо

Жозе Мануел Барозо

„Новата Влада на Албанија треба брзо да постигне успех во борбата против корупцијата и организираниот криминал, ако сака земјата да стане кандидат за членство во Европската унија до крајот на годината“, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо на денешната средба во Брисел со албанскиот премиер Еди Рама. Европската комисија во октомври ќе објави нов извештај за напредокот на земјите кои се стремат кон членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG