Достапни линкови

Уапсен портпаролот на Муслиманското братство


Египетските власти денеска во Каиро го уапсиле портпаролот на Муслиманското братство Џехад ал Хадад. Ова движење веќе неколку недели одржува протести, а Хадад бил многу активен на социјалните мрежи против воената влада во Египет. Од соборувањето на исламистичкиот претседател Мухамад Морси во почетокот на јули годинава египетските власти уапсиле стотина високи претставници на Муслиманското братство.
XS
SM
MD
LG