Достапни линкови

Јосиповиќ: Хрватска и е искрен пријател на Македонија


Иво Јосиповиќ

Иво Јосиповиќ

„Хрватска отворено и искрено ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон евроинтегративните процеси“, му порача хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ на македонскиот премиер Никола Груевски на денешната средба во Загреб. Премиерот Груевски од своја страна констатирал дека нема отворени прашања меѓу двете држави и оти меѓусебните односи се карактеризираат со пријателство и солидна билатерална соработка. Тој изрази надеж дека добрите и пријателски односи на политички план ќе се пресликаат и на економски план со дополнителни интензивирања на соработката.
XS
SM
MD
LG