Достапни линкови

logo-print

„Музика за толеранција“ за светскиот ден на мирот


Глобална манифестација „Музика за толеранција“ во Република Македонија.

Глобална манифестација „Музика за толеранција“ во Република Македонија.

Со идеја за промоција на културата на толеранција, во сабота на 21 септември – Светскиот ден на мирот, на Плоштадот Македонија во Скопје, со почеток од 13 часот, ќе се одржи второто издание на глобалната манифестација „Музика за толеранција“ во Република Македонија. На концертот, што го организираат Баги комуникации под покровителство на Американската амбасада во земјава, овојпат ќе настапат Хорот при основното училиште Христијан Тодоровски Карпош, оркестарот „Уска Кан Кантурови“, „Шпенд Љатифи и Орхидеја бенд“ и рок составот „Бета хаус“.

Со изведбата на леноновата химна „Imagine“ и марлиевата класика „One Love“ на хорот при основното училиште Христијан Тодоровски Карпош од Скопје, во сабота од 13 часот, на Плоштад Македонија, ќе започне концертот со кој нашава земја по втор пат ќе се вклучи во глобалната манифестација „Музика за толеранција“. Покрај нив, во чест на 21 септември – Светскиот ден на мирот, ќе настапат и оркестарот „Уска Кан Кантурови“, „Шпенд Љатифи и Орхидеја бенд“ и „Бета хаус“, а случувањето кое како организатор го потпишува Баги комуникации под покровителство на Американската амбасада во Република Македонија овојпат ќе се одвива под мотото „Со музика до подобар свет“.
Ние во нашава земја по втор пат го одржуваме фестивалот или концертот „Музика за толеранција“ кој има за цел да ги вклучи Скопје и Република Македонија во светската прослава на Денот на мирот. Зошто токму „Музика за толеранција“? Ние за среќа кај нас мирот го имаме, но можеби повеќе од било кога ни е потребна толеранција на различни ниво и на различни начини.

„Ние во нашава земја по втор пат го одржуваме фестивалот или концертот „Музика за толеранција“ кој има за цел да ги вклучи Скопје и Република Македонија во светската прослава на Денот на мирот. Зошто токму „Музика за толеранција“? Ние за среќа кај нас мирот го имаме, но можеби повеќе од било кога ни е потребна толеранција на различни ниво и на различни начини“, вели Владимир „Бета хаус“.

„Бета хаус“.

Мандичевски од Баги комуникации.

Тој дополнува дека културата е единствената форма која комуницира со сите и која отвора простор за пасивна или активна партиципација на секого и дека притоа музиката е идеалниот инструмент за комуникација меѓу луѓето со различна национална, верска, политичка и социјална ориентација.
Живееме во средина во која живеам многу народи, во која има многу националности, различни вероисповести, па затоа децата од мали треба да ги научиме да го негуваат заедништвото и толеранцијата за да потем кога веќе ќе бидат зрели луѓе истото тоа им го пренесат и на генерациите кои доаѓаат по нив.

Оркестар „Уска Кан Кантурови“.

Оркестар „Уска Кан Кантурови“.

Говорејќи за програмата, Мандичевски истакнува дека таа е конципирана со идеја да престави различни музички групи од неколку градови во државата.

„Од Берово ни доаѓаат „Уска Кан Кантурови“, најверојатно еден од најдобрите лимени оркестри на Балканот, годинава и носители на признанието за најдобар инструменталист на меѓународната манифестација на дувачки оркестри што се одржува во Гуча, соседна Србија. Од Куманово имаме еден енергичен поп-рок состав што го предводи пејачот Шпенд Љатифи. „Орхидеја бенд“ звучат многу моќно и модерно, а од Скопје тука се „Бета хаус“ - можеби најдобриот млад рок бенд во градов кој летово го имаше дефинитивно најголемиот радио хит, песната - „Мона Лиза“.

Сепак, со нагласено внимание ќе биде пречекан перформансот на Хорот при основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ од Скопје, кои и минатата година го отворија случувањето на кое потем настапија Идриз Амети и неговите „Бла, Бла, Бла“, составот „Ај Кју“ и Тони Китановски и „Черкези оркестар“.

Ангел Ќосев, наставник по музичка култура и диригент на Хорот, потенцира дека неговите ученици со многу љубов и почит влегуваат во одбележувањето на Светскиот ден на мирот.

„Живееме во средина во која живеам многу народи, во која има многу националности, различни вероисповести, па затоа децата од мали треба да ги научиме да го негуваат заедништвото и толеранцијата за да потем кога веќе ќе бидат зрели луѓе истото тоа им го пренесат и на генерациите кои доаѓаат по нив.“

Инаку, организаторите веруваат дека и овојпат потпишуваат настан кој преку музиката праќа јасна универзална порака и се надеваат дека „Музика за толеранција“ ќе прерасне во традиционално случување со кое Република Македонија и натаму ќе биде вклучена во одбележувањето на Светскиот ден на мирот кое датира од денес далечната 1982 година.

„Најчесто вторите години се пресудни за опстојот на фестивалите или ваквите концерти. Ние сакаме идната година целиот настан да го прошириме и со други форми и со други организации кои се занимаваат со промоција на мирот и на толеранцијата и нема да остане само во доменот на музиката. Вторава година ние е важна за тој да ја добие својата традиционална форма и се надевам дека од догодина ќе може да ги исполниме сите тие наши планови за ширење на манифестацијата“, заклучува Владимир Мандичевски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG