Достапни линкови

logo-print

Кацин: Да се отвори прашањето за автономијата на Војводина


Известувачот на Европскиот Парламент за Србија Јелко Кацин денеска оцени дека, имајќи ги предвид претстојните прговори за членство на Србија во ЕУ, ова е вистинскиот момент за отворање на прашањето за уставно и законско уредување на автономијата на Војводина, која ,според него, е нејасна.
Сегашната рамка на автономијата е неизвесна и нејасна, со што се спречува Војводина, а со самото тоа и Србија да ги развие своите капацитети. Ова е посебно важно во поглед на искористување на претпристапните, а потоа и кохезиските фондови на ЕУ кои можат да ги користат само автономни единици, како што е Војводина, изјави Кацин на панел дискусијата „Војводина: Предизвици на патот кон демократската консолидација“ во Европарламентот.
XS
SM
MD
LG