Достапни линкови

Младите на Балканот живеат од ден за ден


Регионална средба на млади лидери од сите Балкански држави во Струга.
Регионална средба на млади лидери од сите Балкански држави во Струга.

Илјадници млади живеат од ден за ден, се борат со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, но некои од проблемите не можат сами да ги решат.

На голем број млади луѓе од Балканот им е неопходна помош бидејки се наоѓаат во ризични ситуации. Илјадници млади живеат од ден за ден, се борат со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, но некои од проблемите не можат сами да ги решат.
Разговаравме околу тоа кои се тие ризични групи и на крај заклучивме дека речиси сите млади се наоѓаат под ризик, пред се поради општествените случувања кај нас.
Ана Кедеш, Прони Центар за социјални подучувања од Осијек Хрватска.

Во Струга неодамна млади лидери од сите Балкански држави разменија мислења и искуства околу начинот на кој што можат да им помогнат на своите врсници кои се наоѓаат во незавидна ситуација.

Кристијан Ѓеорѓиевски од Центар за меѓукултурен дијалог од Куманово вели:
Илустрација.
Илустрација.

„Овие вештини и овие знаења кога ќе се вратат во своите матични организации ќе можат да го искористат и да работат со млади кои што се во ризик. Балканските држави се соочуваат со исти проблеми“, рече Ѓеорѓиевски.
Ние ги учиме на одредени практични вештини како што се курс по готвење, како да изработуваат сувенири, декоративни свеќи, како да поправаат велосипеди и многу други работи кои ќе им помогнат да се снајдат во животот откако ќе излезат од тие институции.
Љубен Ѓеорѓиевски, Невладина организација Реакт од Софија.

Четириесет проценти од вкупната популација на млади живеат под ризик меѓу кои и млади кои доаѓаат од добри семејства, рече Ана Кедеш од Прони Центар за социјални подучувања од Осијек Хрватска.

„Разговаравме околу тоа кои се тие ризични групи и на крај заклучивме дека речиси сите млади се наоѓаат под ризик, пред се поради општествените случувања кај нас. Јас доаѓам од Источна Славонија каде е голема невработеноста и каде младите особено од руралните средини се наоѓаат во незавидна ситуација. Ние се обидуваме да пронајдеме решенија кои ќе бидат прифатливи за нив и да ги вклучиме во одредени активности. Им нудиме вклучување во едукативни програми и други активности преку кои имаат можност да дојдат во контакт со други млади, да отидат на патувања во други места. Тоа е особено важно и за младите кои доаѓаат од мешани средини како што е Вуковар каде се уште постојат конфликти на меѓунационална основа“, рече Кедеш.

Љубен Ѓеорѓиевски претседател на Невладината организација Реакт од Софија, вели дека работат со лица од прифатни центри и поправни домови кои имаат помалку од 18 години, а кои направиле одредени казнени дела.

„На тие лица им е потребна голема помош, затоа што ништо не учат во тие институции, нема добра програма за развој, и затоа кога излегуваат од тие институции не можат да најдат работа. Ние ги учиме на одредени практични вештини како што се курс по готвење, како да изработуваат сувенири, декоративни свеќи, како да поправаат велосипеди и многу други работи кои ќе им помогнат да се снајдат во животот откако ќе излезат од тие институции. Откако ќе ги завршат курсевите добиваат и сертификати за тоа“, рече Ѓеорѓиевски.

Ѓеорѓиевски вели дека младите во Бугарија се соочуваат со неможноста да најдат работа, особено оние кои живеат во помалите градови, но и незнаат како да бараат работа. Тој вели дека најголем дел од институциите работат како во времето на комунизмот, бавно и не се развиваат што е дополнителен проблем.

Младите од Балканот повеќе да почнат да ги искористуваат европските претпристапни фондови наменети за нив, вели Руди Ступиќ од Невладина организација КУД Плац од Љубљана. Во Словенија за младите во ризик се отвараат дневни центри каде тие лица посетуваат бесплатни курсеви по компјутерски јазици.
XS
SM
MD
LG