Достапни линкови

Милановиќ: Македонија што побргу во НАТО и ЕУ


Македонија мора што е можно побргу да биде таму каде што и е местото - во НАТО и во ЕУ, истакна хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Никола Груевски кој денеска престојува во еднодневна официјална посета на Хрватска.
Премиерот Груевски рече дека очекува Хрватска, која веќе е член на ЕУ, да биде и натаму наш силен подржувач, притоа наведувајки дека Македонија ги исполни стандардите за влез во ЕУ, но се бараат начини за решение на спорот со Грција за да се отвори патот за НАТО и ЕУ.
XS
SM
MD
LG