Достапни линкови

logo-print

Руско - француски разлики за Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија ", има сериозна основа" да верува дека нападот со хемиско оружје, што се случи во близина на Дамаск минатиот месец, беше провокација. Лавров, ова го изјави по средбата со неговиот француски колега Лорен Фабиус во Москва.
Според Лавров, извештајот на инспекторите на ОН не одговори на сите руски прашања во врска со нападот на 21 август.
Според, Фабиус пак, извештајот не остава сомнеж дека сириската влада е одговорна за нападот, во кој загинале над 1400 луѓе. Во извештајот на ОН само беше потврдена употребата на хемиското оружје. Лавров и Фабиус, исто така, признаа дека двете страни имаат несогласувања околу тоа како да се стави крај на сирискиот конфликт.
XS
SM
MD
LG