Достапни линкови

Туомиоја: Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ


Финска отворено го подржува проширувањето на Европската унија и е подготвена по 5 - ти пат да ја подржи препораката за почнување преговори со Република Македонија, изјави во Скопје финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, шефот македонската дипломатија Никола Попоски.
Во однос на можна помош во надминување на спорот со Грција, шефот на финската дипломатија со став дека секогаш е најдобро страните сами да изнајдат решение.
Според Попоски пак, Грција не успеа да убеди никого оти сака напредок во евроинтеграциите на Македонија.
Во контекст на претстојното грчко преземање на претседавањето со ЕУ, македонскиот министер за надворешни работи очекува Грција пред се да го докаже декларираното лидерство во регионот и да се држи до Солунската агенда.
XS
SM
MD
LG