Достапни линкови

Уставни измени против геј бракови за политички поени


Како маркетиншки трик за собирање политички поени, експертите гледаат на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени со кои бракот ќе се дефинира како заедница меѓу маж и жена, иако бракот веќе така е дефиниран со закон.

Предлогот за уставни измени од владеачката ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара прецизирање на бракот како заедница меѓу маж и жена е политика која е мотивирана од идеологија, велат експертите. Според нив, како и во изминатиот период, ВМРО-ДПМНЕ повторно демонстрира политика на наметнување одредби. Професор Здравко Савески појаснува дека во највисокиот правен акт сите одредби треба да се донесуваат со највисок консензус и дека пошироката јавност треба да се согласува со сето тоа.
Наметнување на одредби во Уставот, кои се идеолошки мотивирани, во принцип не е нешто што треба да се спроведува, бидејќи Уставот покрај тоа што е највисок, е и најтраен документ, правен акт во една држава.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Наметнување на одредби во Уставот, кои се идеолошки мотивирани, во принцип не е нешто што треба да се спроведува, бидејќи Уставот покрај тоа што е највисок, е и најтраен документ, правен акт во една држава“, вели професор Здравко Савески.
Илустрација: Првиот геј брак во Франција.
Илустрација: Првиот геј брак во Франција.

Претпоставувам дека ова е само предизборен маркетиншки трик за да добие одреден број на гласови на тоа, бидејќи во Македонија сè уште е една традиционална структура којашто на бракот гледа на традиционален начин, дека тој треба да биде меѓу еден маж и една жена.
Нелко Стојановски, универзитетски професор.
Иницијативата веќе предизвика внимание во јавноста. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека бракот е заедница само меѓу маж и жена. Но, во СДСМ сметаат дека менувањето на Уставот ќе ја отвори Пандорината кутија и затоа не се согласни со барањето. Предлогот за уставните измени од владеачката ВМРО-ДПМНЕ не е никаква дискриминација, туку политика која значи заштита на вредностите на општеството е ставот на таа партија. Меѓутоа, некои експерти се сомневаат дека иницијативата на владеачката ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени има популистички мотиви.

„Претпоставувам дека ова е само предизборен маркетиншки трик за да добие одреден број на гласови на тоа, бидејќи во Македонија сè уште е една традиционална структура којашто на бракот гледа на традиционален начин, дека тој треба да биде меѓу еден маж и една жена“, вели професор Нелко Стојановски.

Професор Нелко Стојановски вели дека неминовно се случуваат промени во сферата на семејството и бракот, иако ВМРО-ДПМНЕ пропагира семејни вредности.

„Многу нешта се изменети, да речеме радикално е зголемен бројот на разводи на бракови, во таа смисла неминовно доаѓаат промени и во брачната и во семејната сфера, иако сето тоа се случува на поголеми временски дистанци, но за самата регулатива сметам дека е непотребна, доволно е што тоа е регулирано со Законот за семејство и брак“, вели професор Стојановски.

Со последната иницијатива, ВМРО ДПМНЕ јасно кажа дека не се сложува со легализирање на истополовите бракови. Но, за Македонија ова би можело да значи проблем на нејзиниот пат кон ЕУ, вели Савевски, според кого ваквата иницијатива може да води кон нетолеранција.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието покрена иницијатива за уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG