Достапни линкови

Осомничените во „Шпион“ пред истражен судија


Приведените 17 лица во полициската акција „Шпион“, осомничени за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама, изутрината со доказен материјал се изведени пред истражен судија. Како што информираат од МВР, се уште се трага по тројца осомничени, од вкупно 22. Осомничените, според првичните информации, соработувале со странски безбедносни служби, одавале државни тајни и класифицирани информации со различен степен. Работеле и со уцени и измами, а дел од осомничените обезбедувале податоци за лица од јавниот живот и бизнис-заедницата и со закани изнудувале пари. Од притворените има вработени двајца во Агенцијата за разузнавање, еден во Собранието, актуелни и поранешни вработени во МВР, во одбраната, Државниот архив, Управата за финансиско разузнавање, но и сопственици и вработени во приватни фирми.
XS
SM
MD
LG